Оваа баба секој ден турка количка три килиометри, а причаната ќе ви го скрши срцето!

Во обид да се привлече вниманиена реалните проблеми на населенитео за кои ретко се зборува, Душан Јовановиќ (26) од Белград споделил на својот Фејсбук профил тажна исовед на една баба од Миријев.
Проаѓајќи низ Миријев, Душан ја здогледал подгрбавената старица како, тетеравејќи се покрај патот, турка количка полна со разни работи. Го запрел автомобилот и и понудил да и помогне, не знаејќи во што се впушта.
- Минатата сабота во тој момент надвор имаше 28 степени. Едвај ја убедив да и помогнам и тргнавме, не помислувајќи, дека треба да ја туркам количката два или три километри, од кои половина пат до нејзината куќа е угорница. Јас се изморив, а како и беше на неа не сакам ниту да замислам. Разговаравме цело време додека одевме, бабата има мизерна пензија, не сака да проси и исклучително е горда на тоа што поштено заработува и не и е тешко три часа пешачење во еден правец, напиша ова момче.
Во својата објава на Фејсбук Душан објаснил дека гордата старица, иначе родена во Белград, која му се претствла како „баба Драгиња“, секоја сабота и недела станува во четири часот наутро и три часа ја турка количката од својата куќа на Миријев до Карабурма, за да стигне во 7 наутро и да продава цвеќе.
- На крајот на денот таа заработува околу 500 динари, по што повторно се враќа дома на врвот на Миријев. Кога стигнавме до нејзнита куќа, баба Драгиња дури и ми извади куп бакноти по 10 динари да ги земам за сок.
И се заблагодарив и и ги вратив, таа ми посака многу здравје, а јас на неа што помалку вакви тешки денови, ја завршува младиот белграѓанин својата приказна за тажната судбина на една баба.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
-

Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
-

Облачно со повремен дожд во наредните два дена, од вторник сончево и тивко
-

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
-

Израелската авијација го нападна Техеран, а Иран со дронови Израел и американските бази во ОАЕ и Кувајт
-

Сончевото и релативно топло време го поттикна пролетното будење на овошките
