Кирацовски: Без правно дејство e испратениот список со вработени во јавниот сектор до ДИК

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска обвини дека без негов потпис министерката Марта Арсовска Томовска до Државната изборна комисија (ДИК) доставила неточен и на несоодветен начин пополнет список со вработени во јавниот сектор и оти нема правно дејство.
- Овој список е еден од клучните предуслови за фер и регуларни избори, бидејќи од него ДИК избира членови на изборните органи кои ги спроведуваат изборите, рече Кирацовски на прес-конференција.
Кирацовски испратил допис до ДИК во кој побарал, како што рече, да го врати половичниот и аматерски направен список, пополнуван преку несоодветни формулари, внесувани во ексел табели, наместо во соодветниот софтвер.
- Во дописот што го доставив до секој член на ДИК поединечно, потенцирав дека доколку го прифатат овој список, ќе сторат кривично дело за кое се оди во затвор. Исто така, потенцирав дека списокот поднесен без двоен потпис од министер и ДЗМ, нема правно дејство, рече Кирацовски и додаде дека за шест месеци се објавени три различни податоци за бројот на институции и за вработени во јавниот сектор.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
