Седумнаесет сообраќајки во Скопје, две лица тешко повредени

Седумнаесет сообраќајни несреќи се случија на територијата на град Скопје во изминатите 24 часа. Две несреќи се со тешки телесни повреди, во кои со повреди се здобиле еден возач и еден сопатник во патничко моторно возило. Осум се со материјална штета, седум со телесни повреди при што осум лица се здобиле со полесни повреди.
Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Шест возачи не почитувале ограничувања на брзината на движење, 4 возачи поминале на црвено светло на семафорот и 12 возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Во текот на вчерашниот ден Одделениеот за превенција при СВР Скопје во рамките на своите превентивни активности реализираше сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои сториле прекршоци по разни основи.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од IV одделение во О.У „Дане Крапчев“ и ОУ „Наум Наумовски Борче“на подрачјето на општина Гази Баба.
Во периодот од 11:00 до 13:00 часот Јавната Установа Детски Културен Центар - Карпош од Скопје, ќе организира „Ролер Трка“ наречена „Возиме кон Иднината“ на која ќе земат учество учениците од сите училишта на подрачјето на градот Скопје.
Трката ќе започне на бул Илинден од пред Фонтана Градски Парк па се до крстосницата со ул „Никола Тесла“ кај Паркови и Зеленило и назад. За време на оддржување на трката сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, поради што се апелира до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите на унифромираните полициски службеници.
Утре со почеток во 16:00 часот во спортскиот центар Јане Сандански во рамките на лигата на Шампионите ќе се одигра маѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Веспрем .
Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Од СВР Скопје апелираат до сите граѓани кои имаат намера да дојдат на Ракометниот натпревар да ги почитуваат знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници, а доколку дојдат со сопствени возила истите да ги паркираат на околните дозволени паркинг простори.
Ново на Сител
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
-

Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-

Затвореник од Идризово преку телефон ѝ се заканувал на партнерката и нивниот син
