Хан, Ховит, Кукан, Вајгл:Пропаѓање на договорот од Пржино ќе има сериозни последици
Еврокомесарот Јоханес Хан и членовите на Европскиот парламент Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, денеска преку соопштение изразија жалење што не може да се одржи лидерската средба планирана за 22 април во Виена.
- Оваа средба имаше цел да ѝ помогне на земјата да најде начин за напредок во имплементацијата на договорот од Пржино, со учество на сите потписнички на Спогодбата, стои во официјалното соопштение на комесарот Хан и Ховит, Кукан и Вајгл.
Тие во соопштението посочуваат дека постојаните проблеми со владеењето на правото во Скопје, кои го поткопуваат овој договор, мора да се решат без понатамошно одложување.
- Ова особено се однесува на неодамнешните помилувања од страна на претседателот и чекорите што се итно потребни за подготовка на веродостојни избори, кои би можеле да бидат признаени од страна на меѓународната заедница, се подвлекува во соопштенито.
Хан, Ховит, Кукан и Вајгл потенцираат дека остануваат цврсто посветени и се на располагање да им помогнат на партиите.
- Сепак, нагласуваме дека одговорноста да се постигне демократски напредок и да се напредува на евроатлантскиот пат зависи од самите партии, од име на граѓаните на нивната земја. Сега тие се на ред да постигнат нешто и да го дефинираат патот нанапред, порачуваат во соопштението.
Во соопштението стои дека тие постојано велат оти пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има многу сериозни последици за земјата. Комесарот Хан и европратениците Ховит, Кукан и Вајгл изразуваат длабоко жалење за, како што се вели во соопштението, ретроградните чекори што ја оддалечуваат земјата од нејзините аспирации кон членство во Европската Унија.
- Во отсуство на каков било понатамошен напредок, сега сме принудени да разгледаме какви понатамошни активности се потребни за да се исполнат барањата јасно поставени од Европскиот совет, Европската комисија и Европскиот парламент. Ние, исто така, ги признаваме изјавите и акциите на граѓанското општество во земјата и ја изразуваме нашата целосна поддршка за сите мирољубиви напори да се обезбеди плурализам и слобода на мислењето, кои се централни вредности во сите европски демократии“, се подвлекува во соопштението.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани
-
Трамп: Русија треба да се размрда
-
Нова фаза за Сојузот на економисти на Македонија: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици
-
Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна
-
Таткото на Вања одби да одговара на прашањата за Палевски
-
Касами: Убеден сум дека Влен и на локалните избори ќе оди заедно и ќе го покаже тоа што го покажа на парламентарните
-
Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, правни субјекти работеле без лиценца или не исполнувале минимално технички услови
-
Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања