Омбудсманот бара да се повлече одлуката за поместување на роковите за државна матура
Народниот правобранител денеска реагираше на одлуката за поместување на роковите за полагање на државната матура и го повика министерот за образование и наука да ја повлече одлуката.
Во соопштението од Народниот правобранител се наведува дека одлуката не е во согласност со Законот за средно образование и со подзаконските акти и е спротивна на Конвенцијата за правата на детето.
- Според Народниот правобранител, промената на рокот за полагање на државната матура од 4 јуни на 28 мај, во услови кога редовната настава за матурантите завршува на 20 мај, претставува груба повреда на правата на учениците, на кои исклучително им се скратува времето за подготовка за полагање на овој испит, со што уште еднаш се потврдува дека воопшто не се води сметка дали промената негативно ќе влијае на натамошното образование на ученикот, ако се има предвид дека оценките од државната матура битно влијаат на успехот на ученикот, а со тоа и добивањето на бодови за запишување на високо образовните институции, се вели во соопштението.
Народниот правобранител смета дека одржувањето на предвремените парламентарни избори не треба да влијае на образованието на учениците, ниту да биде причина за промена на роковите за полагање на државната матура.
Од Канцеларијата на Народниот правобранител реагираат и поради тоа што учениците не се прашани за оваа одлука, ниту е побарано нивно мислење, иако, како што се вели во соопштението, станува збор за активност која директно се рефлектира на нив самите и нивното натамошно образование.
Ново на Сител
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба