Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски објавен во Бугарија
Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски деновиве го објави издавачката куќа „Колибри“ од Софија во рамките на едицијата „Современа европска проза“. Преводот на бугарски јазик е на Божидар Манов, професор на Националната академија за театарска и филмска уметност (НАТФИЗ) во Софија.
Претставувајќи го романот, бугарски „Факти“ пишува за Гоце Смилевски дека е наследник на Гинтер Грас и Жозе Сарамаго, бидејќи е суверен стилист, страстен раскажувач и застапник на универзалните вредности.
- Романите „Разговор со Спиноза“, „Сестрата на Зигмунд Фројд“, а сега и „Враќањето на зборовите“ се сведоштво за неговата вдахновена ерудиција и не случајно се крунисани со меѓународна популарност, се нагласува во текстот.
Софиски „Колибри“, ги објави и предходните романи на Смилевски „Разговор со Спиноза“ и „Сестрата на Зигмунд Фројд“, исто така во превод на бугарски на Божидар Манов.
Романите на Гоце Смилевски се преведени на преку 30 јазици во светот. Минатата недела, во издание на „Одеон“ од Прага романот „Враќањето на зборовите“ се појави на чешки јазик, во превод на Дагмар и Иван Доровски.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче