Македонците со убедлива поддршка за избори на 5-ти јуни и крај на кризата

Граѓаните на Македонија вечерва масовно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија. Во три града кои како „фронт“ сакаше да ги отвори СДСМ со своите соросови платеници, одговорот на граѓаните кои се за избори и крај на кризата беше жесток.
Во Велес 3:1, во Битола 4:1, а во Штип дури 10:1 е соодносот на граѓаните во корист на оние на кои им е доста од обидите за дестабилизацијата на Македонија спроведена преку СДСМ и Сорос со помош на насилниците. Во Скопје СДСМ правеше протест на кој можеа да се забележат поголем број на Албанци, тие беа дел од партијата БЕСА која е партнер на СДСМ и која отворено побара редефинирање на државата.

Со масовната поддршка за избори на 5-ти јуни како единствен пат за решавање на политичката криза, граѓаните упатија порака и до СДСМ и до нивните соросови платеници дека арената за решавање на кризата се на изборите, а не држењето на народот и земјата во заложништво затоа што СДСМ се плаши од избори.
ВЕЛЕС – лево протест на СДСМ, десно собир на ГДОМ
БИТОЛА- лево собир на ГДОМ, десно протест на СДСМ
ШТИП – лево протест на СДСМ, десно собир на ГДОМ

Вечерва низ улиците на трите града ечеше „Одбрана, одбрана“, „Доста е на уцените и кризата, изборите се излезот“. Граѓаните се револтирани поради примената на насилството и деструкцијата од СДСМ.

-Државата им припаѓа на граѓаните и народот има право да одлучува, велеа приврзаниците на ГДОМ.
Ново на Сител
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
