Македонија
18. April 2016 - 16:42

Утре почнува третиот МНТ-Фест

Третото издание на меѓународниот театарски  фестивал МНТ-Фест  ќе почне утревечер со концертот на театарска музика  на Горан Трајковски.

Организаторите најавуваат богата програма со голем број  претстави на реномирани европски театри  и  режисери , работилници, предавања, и други активности.

Утрешниот концерт   е  под наслов ,, На светов убавина,, и  содржи 17 песни од околу 10 претстави во периодот од 2003 до 2013 година.

МНТ-Фест  ќе трае до крајот на јуни,  а   се одржува со поддршка  од  Министерството за култура.