Во сабота светскиот мотивационен говорник Ник Вујичиќ ќе се претстави пред македонската публика
На 16 април, сабота, со почеток во 20 часот, во ВИП Арената на СРЦ „Борис Трајковски“, со свој мотивационен говор ќе се претстави големиот светски хуманист и говорник Ник Вујичиќ, човекот кој со својата неверојатна животна приказна, харизматичен лик и со длабока верба во Бога успеа да ги допре срцата на милионите фанови ширум светот ширејќи огромна верба и волја која им помогна на многу луѓе да го трансформираат својот поглед кон животот и светот.
Настанот е во организација на „Центарот за поттик на креативни потфати“ и по иницијатива на Искра Донева од име на Град Скопје и нејзината организација „Нова Искра“ како и евангелско-протестантските цркви во Македонија.
По повод неговата посета „Центарот за поттик на креативни потфати“ се потруди да ја преведе и испечати на македонски јазик неговата прва книга „Живот без граници“, која ќе ја доживее својата промоција на „Саемот на книга“, но ќе биде достапна и на самиот настан во сабота по цена од 300 денари. Настанот ќе го води Жарко Димитриевски а целата програма ќе биде збогатенa и сомузички настапи на „Скопје Госпел Хорот“ како и култнитe македонски музичари Браќата Тавитјан.
Желбата на Ник Вујичиќ во однос на неговата посета во Македонија е сите собрани средства од билетите да бидат комплетно донирани во хуманитарни цели односно за опремување на салата за лицата со посебни потреби.
Ник Вујичиќ е роден австралијанец, со српско потекло чиј недостаток на рацете и нозете е резултат на ретката вродена аномалија наречена тетра-амелија синдром. Неговиот вроден физички недостаток го става во животот пред сериозни предизвици со кои успева да се избори и денес тој несебично го споделува своето животно искуство и станува инспирација за милиони луѓе ширум светот. Според Ник победата за време на долгогодишната борба со препреките пред кои бил ставен е резултат на силата и страста за животот како и силната верба во Бога. Преку својата цврста волја и шармантен хумор во последните 15 години успева на своите говори да мобилизира огромен број на фанови.
Овој 32-годишен мотивационен говорник во моментов го обиколува светот, зборувајќи пред преполни стадиони со 100 000 фанови, дел е од состаноци на светските лидери и пишува книги кои се продаваат со неверојатна леснотија и брзина.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани