Гостиварци се запознаа со проектот „Купи куќа за млади“

Министерствтото за финансии, синоќа во салата на гостиварскиот општински совет организираше презентација на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
Претставникот од Министерството, Кирил Симеоновски пред присутните граѓани нагласи дека со овој проект, младите брачни двојки можат да одберат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.
На презентацијата беше истакнато дека проектот „Купи куќа за млади“ е наменет за младите до 35 годишна возраст за купување, изградба, надградба или доградба на куќа. Пред гостиварци беше објаснето и кои услови треба да ги исполнат заинтересираните граѓани за да ги уживаат погодностите од овој проект.
- Висината на месечните приходи не смее да надмине 900 односно 1.300 евра за брачни другари, а при тоа не смеат да поседуваат стан или куќа на свое име. Рокот на отплата е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12-та година за првиот модел и по 10-тата година за моделот субвенција на учество. Со целокупната документација се аплицира во осум деловни банки, рече Симеоновски.
Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80 отсто од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50 отсто од ратата.
Освен за овој проект беше појаснето и за проектот „Купи куќа, купи стан“ кој за разлика од претходниот нема определена старосна граница на кандидатите.
Презентации во рамки на караванот се одржаа и во Тетово и Кичево.
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
