-->
-->
ЛЕ: Војводина ја изненади и "демолира" Сампдорија
-->

Со победата од 4:0 на гостувањето против Сампдорија, екипата на Војводина синоќа го направи најголемото изненадување на првите дуели од 3-то коло од квалификациите од Лига Европа.
Победа од 2:0 постигна и Хајдук во дуелот со Стромгосет, додека Астра остана непоразена (2:2) на гостувањето кај премиерлигашот Вест Хем.
Натпреварот во Тирана меѓу Кукеши и Легија е прекинат во 55-та минута, при резултат 2:1 за гостите од Полска, а причината е тоа што еден гостински фудбалер бил погоден со камен во главата.
Резултати на првите натпревари од третото коло од квалификациите од Лига Европа: Каират – Абердин 2:1, Елфсборг – Од 2:1, Штурм – Рубин 2:3, Либерец – Шмона 2:1, АИК – Анортозис 1:3, Алтач – Гимараеш 2:1, ПАОК – Спартак Трнава 1:0, Аполон – Кабала 1:1, Краснодар – Слован Братислава 2:0, Цирих – Динамо Минск 0:1, Жилина – Ворскла 2:0, АЗ – Башакшехир 2:0, Тун – Вадуз 0:0, Кукеши – Легија 1:2 (прекинато), Работнички – Трабзон 1:0, Брондби – Омонија 0:0, Дебрецин – Розенборг 2:3, Тиргу Муреш – Сент Етиен 0:3, Бордо – АЕК Ларнака 3:0, Шарлроа – Зорја 0:2, Стандард – Железничар 2:1, Вест Хем – Астра 2:2, Атлетик Билбао – Интер Баку 2:0, Сампдорија – Војводина 0:4, Хајдук – Стромгосет 2:0, Белененсе – Гетеборг 2:1, Саутемптон – Витесе 3:0, Волфсберг – Борусија Дортмунд 0:1 и Јаблонец – Копенхаген 0:1.
Реванш натпреварите се играат на 6 август, а следниот ден ќе биде и извлекувањето на двојките за плеј офот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
