-->
-->
Го пронашла детето на улица стотина метри од градинката - и рекле „Па имаш уште едно дете што паничиш"
-->
Кога една мајка ја донела својата мала ќеркичка во градинка во Smederevskoj Palanci не ни насетувала што ќе се случи наредно. Ивана Михајловиќ ни во најцрните мисли не можела да претпостави дека ќе си го најде детето среде улица, сосема само, додека има сообраќаен метеж.
- Ја оставив ќеркичката како и секој ден во осум часот, само неколку часа подоцна ја најдов сама на улица. Беше на стотина метри од градинката. Наш пријател ја забалежал и ја земал од улицата. Не ни сакам да помислам што ќе се случеше ако не ја тргнеше тој, вели мајката.
Директорката се огласи по скандалот. Вели дека ќе се превземат сите мерки, со оглед на тоа дека мајката се жали дека кога нервозна отишла во градинката и и се развикала на воспитувачката, таа и рекла да не се грижи бидејчи и онака има и друго дете. Мајката побеснела по овој одговор.
- Ми рече имаш друго дете, сега се породи, што се секираш, и тогаш здивев. И реков дека сите новинари ќе дознаат, па сфати што направи, вели мајката.
Навистина голем скандал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје