Умираше од рак, а потоа се омажи за љубовта на нејзиниот живот и ги шокира лекарите

На пациентка болна од рак, лекарите и дале одобрување да се омажи за нејзиниот вереник, затоа што верувале дека и остануваат само неколу денови од животот, а потоа нејзиното заздравување ги остави без зборови.
Серена Скот (32) ја слушнала најлошата можна вест кога лекарите и рекле дека израстокот со големина на љубеница на нејзинот стомак е рак на јајници. Оваа продавачка од Кент тврди дека стомакот и пораснал „преку ноќ“, поради што изгледала како да е бремена. Од лекарите била предупредена дека можат да и откажат и белите дробови.
Загрижена од вестите, Серена се загрижи дека никогаш нема да се омажи за нејзиниот вереник Роберт. Тие се вериле во 2005 година, но сите овие години настојувале да заштедат доволно пари за нивната свадба од соништата.
Со Роберт комуницирала со пишани пораки, а откако немало никакви знаци на подобрување на состојбата, лекарите и дозволите да се омажи затоа што верувале дека тоа и е последната желба.
– Роберт беше мојата потпора и се трудеше да не паднам во депресија, рече таа за „Дејли Мејл“.
Тие се венчаа на 8 септември 2014 година во нејзината болничка соба.
Но, и покрај црните прогнози, по венчавката таа почна драстично да заздравува, а нејзиниот рак во моментов е во ремисија. Една година по венчавката, Серена со сопругот ги обнови брачните завети.
Таа се опорави и од воспалението на белите дробови, така што лекарите можеле да извршат оперативен зафат и го извадат туморот.
Серена и Роберт се надеваат дека таа ќе биде со добро здрвје за да можат да посвојат дете, а откако се опорави започна кампања со која собира пари за истражување на ракот.
Ново на Сител
-

Тројца загинати во украински напади со дронови во Белгородската област, гранатиран и автобус
-

Колони на Богородица: За влез во Грција се чека најмалку 40 минути
-

САД забранија увоз на нови модели кинески хуманоидни роботи и инвертори поради ризици за националната безбедност
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
