Џет-Сет
6. April 2016 - 12:11

Тага во домот на Саша Ковачевиќ

Поп пејачот Саша Ковачевиќ паднал во тешка депресија бидејќи неговите родители ќе се разведуваат.

Како што дознава српски Телеграф, таткото и мајката на популарниот пејач по неколку децении заеднички живот решиле да се разведат. 

Пејачот заедно со неговиот брат Раде направил се за да не дојде до разделба. Се обидувале на сите начини да го спасат бракот, но не успеале.