Педофилски скандал во Србија: Функционер ја сликал гола сопствената ќерка
Вознемирувачко писмо и во најмала рака монструозни и изопачени фотографии на кои најексплицитно е прикажано сексуално искористување на девојче вчера му ги проследил Фондот за хуманитарно право на Блиц, во писмо доставено од анонимен испраќач.
Писмото било потпишано од „загрижени граѓани“ од една општина од југот на Србија, кои изнеле најтешки обвинувања на сметка на еден тамошен функционер. Имено, испраќачите тврдат дека сексуално искористеното девојче на фотографиите е малолетната ќерка на тој функционер, а дека автор на фотографиите е самиот тој.
Девојче кое позира во најексплицитни пози додека од крајот на фотографијата ѕиркаат раширени машки нозе не предизвикуваат ништо освен мачнина и згрозување.
Како што тврдат авторите на писмото, за таткото педофил, но и за оваа порнографија знае целиот град, а наводно постојат уште многу вакви материјали кои сведочат дека овој монструм се изживувал врз детето.
Фондот за хуманитарно право го известил надлежното обвинителство и му го испратил целиот материјал, а Блиц ја информирал полицијата.
Дали се автентични фотографиите и дали на нив навистина се наоѓаат актерите за кои се тврди дека се, најверојатно ќе се знае денеска, кога полицијата ќе ги изврши неопходните проверки.
Идентитетот на обвинетиот педофил ѝ е познат на редакцијата.
Ново на Сител
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники