-->
-->
Одбојкарите најавуваат две победи и шест бодови против Австрија
-->

Македонската одбојкарска репрезентација во текот на викендот (1 и 2.август) ги игра натпреварите од 5.та рунда од Европската лига. Во Скопје ќе гостува селекцијата на Австрија, која се наоѓа на четвртата позиција во групата зад Македонија. Поразот минатата недела од Данска сеуште е присутен во мислите на нашите одбојкари и стручниот штаб.
На денешната прес конференција од таборот на нашата селекција истакнаа:
- Австрија е една од најдобрите селекции. Добро се познаваме особено што лани на стартот од Европската лига двапати ги победивме во Грац. Но, тие имаат прогрес со амбиции да стигант да освојат што е можно повеќе поени. Австрија има искусни играчи, а основна цел е да ги запреме нивните напаѓачи. Со евентуални две победи имаме шанси за второот место. Ние сме спремни, а поразот од Данска не отрезни и се вративме посилни. Целта е јасна најпрвин да ја минеме Австрија и двата дена да постигнеме две победи, истакна селекторот Жарко Ристоски.
Капитенот на македонската репрезентација Никола Георгиев изјави:
- Ова е тежок период. Основна цел ни беше Ф4. Со промените што се случија и Полска како организатор е веќе учесник на Ф4, па затоа сега треба да ги следиме и резултатите од другата група. Сепак наша цел е да имаме континуитет, затоа од голема важност се победите и 6 бодови. Австрија е посилна од Данска и од Израел, но стилот на игра повеќе ни одговара.
Дуелите со Австрија се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во сабота на 1.август со почеток во 14 часот и во недела на 2.август со почеток во 19 часот.
На чело на табелата е Естонија со 17 бодови, пред Полска со 10, Македонија има 10, Австрија 9, Данска 5, Израел 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
