Loading Video...
Свет
28. November 2026 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Шпанците утре излегуваат на предвремени парламентарни избори по серијата политички и социјални кризи во земјата. Според анкетите објавени пред изборниот молк, Народната партија и Вокс имаат предност пред левиот блок, што отвора можност за формирање десничарска влада и крај на осумгодишното владеење на Санчез.

Премиерот Педро Санчез ја затвори кампањата со повик за масовна поддршка на левицата и предупреди враќање на десницата и крајната десница на власт. Наспроти него, конзервативците и лидерот на ултрадесничарската Вокс, Сантијаго Абаскал, бараат промена на владата.

Тие се обидоа да ги претворат овие општи избори во референдум против тој злобен Санчез, кого се обидоа да го дехуманизираат. И моето семејство исто така. Но, овие избори, и тука тие не успеаја, не се за мене. Се работи за вас. За вашите права. За вашите слободи. За вашите работни места. За вашите домови. За вашето достоинство.“ рече Педро Санчез, премиер и кандидат на Социјалистичката партија. Достојноста не е ниту лево ниту десно прашање. Тоа е барање што ги надминува политичките граници. Вашиот глас, исто така, зборува за она што не сте подготвени да го толерирате. Не останувајте дома, гласајте за чесна опција. Дајте ни го вашиот глас за да можеме да се вратиме на чесноста, почнувајќи од вашата партија. Вратете се на чесна партија; заборавете на „Санчизмо“, порача Алберто Нуњез Феихо, лидер на Народната партија

Санчез ги распиша предвремените избори по поразот во Конгресот на 2 октомври, кога пратениците отфрлија 2 владини декрети за заштита на закупците и за регулирање на кириите. За апсолутно мнозинство во шпанскиот Конгрес на пратеници, кој брои вкупно 350 членови, потребни се најмалку 176 мандати.

Најмалку 10 лица загинаа, а 110 се повредени во експлозија во близина на училиште во авганистанската провинција Кунар. Според првичните информации на властите, експлозијата потекнува од складиште за експлозиви на рударски компании, лоцирано во близина на училиштата, а како можна причина се наведува невнимание при нивното складирање. Голем број повредени се пренесени во болница, а спасувачките екипи продолжуваат со интервенциите. Надлежните не ја исклучуваат можноста бројот на загинати и повредени да се зголеми. Провинцијата Кунар се наоѓа на границата со Пакистан и е позната по рударските активности.

Русија ја зајакна својата воена морнарица со нова нуклеарна подморница вооружена со хиперсонични ракети. На церемонијата на подигнување на руското знаме на подморницата „Перм“ Путин најави продолжување на модернизацијата на флотата. 

Повеќенаменските подморници од класата „Јасен-М“ ги задоволуваат и сегашните и идните барања, служејќи како витална компонента на руската морнарица. Тие се способни успешно да извршуваат мисии во кој било дел од Светскиот океан, додека работат тајно и користат сите видови крстосувачки ракети со морска база, како и хиперсоничните ракети „Циркон“, рече Путин 

Путин најави дека Москва до 2030 година планира да испорача уште пет подморници со нуклеарен погон.