На скопската Брза помош и треба итна помош!
Незадоволни здравствени работници и револтирани пациенти – мал број на екипи кои не можат да одговорат на сите повици за интервенции. Скопската Брза помош подолго време функционира со потешкотии. Најгомемите забелешки на граѓаните се однесуваат за долго чекање и зошто не се испраќаат екипи ако пациентот е повозрасен, а од друга страна пак само по 5 тимови во смена го покриваат милионскиот град, обезбедуваат големи политички, културни и спортски настани, а вршат и транспорт на пациенти во и од странство. Министерот за здравство признава дека Службата е запоставена 30 години.
- Освен набавки на возила, не се случувале многу други работи, проблемот е посебно голем во Скопје, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Првиот чекор за подобрување на функционирањето е од декември Брзата помош да функционира самостојно, а не како досега при Здравствен дом-Скопје. На овој начин според министерот ќе може побргу да се вработи нов кадар и да се зголеми бројот на екипи. Најмногу недостигаат возачи. Од скопската Брза помош ќе почне и националниот протокол за тријажа на пациенти и националниот диспечерски центар кои треба да се применуваат во цела Македонија според унифицирани протоколи.
- Тие постојат но не се унифицирани на цела држава и треба да ги комуницираме јавноста да ги знае, што е црвено за итна реакција, што е жолто може да почека еден или два часа, а се што е зелено може да е одожи за утре дента или може патронажна сестра да го заврши, рече Клековски.
Вакви модели во регионот веќе функционираат во Словенија и Романија. По инцидентот од викендот кога беа нападнати лекар и сестра од Брза помош министерот за здравство утринава ја посетил службата и лично ги слушнал проблемите со кои секојдневно се соочуваат вработените.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
