Македонија
19. November 2026 - 14:15

Движењето „Ниту една повеќе“ повикува на протест и блокада пред Владата

Неформалното феминистичко движење „Ниту една повеќе“ најави блокада пред Владата во петок (20 ноември) во 13 часот, како и протест против фемицидите, насилството врз жените и институционалната неодговорност, кој ќе се одржи на 25 ноември во 17 часот во паркот „Жена борец“.

Повиците за протест следуваат по случајот со 26-годишната охриѓанка, која беше брутално претепана од својот партнер, на кого му е одреден 30-дневен притвор. Од движењето бараат одговорност, правда и заштита на жените, со порака дека молчењето и институционалната негрижа мора да престанат.