Македонија
19. November 2026 - 14:04

21-годишна девојка тешко повредена откако со возило излетала од патот

На 18.11.2026 околу 08:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионален пат Куманово - Свети Николе, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната А.С. од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.