Loading Video...
Свет
18. November 2026 - 16:32

Преглед на вестите од светот

По Владимир Путин, и Доналд Трамп пристигна во киенскиот град Шенжен  за утрешниот самит со Со Џинпинг.. Кинескиот претседател го пречека и прегрна  Трамп на аеродромот   во Шенжен, возвракајќи на гестот што американскиот претседател  го направи во септември во воената база Ендрјус, при нивната претходна средба.   Непоседно пред пристигнувањето на Трамп, Си и Путин ја оддржаа нивната 50 та средба лице в лице во последните 13 години. го пофалија партнерстово мегу Русија и Кина а ги критикуваа западните санкции.

- Под цврстото водство на господинот претседател и мене, односите меѓу Кина и Русија останаа цврсти како планина, непоколебливи пред ветровите и дождовите. Тие задржуваат долгорочна перспектива, обезбедувајќи поголема стабилност и сигурност во еден сè посложен свет што брзо се менува, и поставуваат пример за нов вид односи меѓу големите сили – изградени врз основа на еднаквост, заемна почит и заемно корисна соработка.“

- Руско-кинеското политичко партнерство функционира стабилно и позитивно. Во сложена геополитичка ситуација, ние задржуваме конструктивен пристап кон обликувањето на еден поправеден и мултиполарен светски поредок.“
Самитот меѓу Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпин, кинеското МНР  го најави како историски а теми ќе бидат  меѓуанроднаат безбедност, војните во Украина и Иран, и  нукеларното вооружување. Тоа ќе биде прва средба  во историјата меѓу лидерите на САД, Русија и Кина, одржана во формат лице в лице. Според анализата  на Волстрит Стрит Журнал ,  со носењето на Трамп во Шенжен, познат како кинеската Силиконска долина и дом на технолошки гиганти, автономни  такси возила и напредни дронови, Си испраќа порака дека американските санкции и органичувања за чипови не го запреле технолошкиот подем на Кина. 

Иранската војска соопшти дека  утрово со дронови ја нападнала воздухопловната база Али ал Салем Во Кувајт, каде што се стационирани американски сили. Според Техеран, цел на операцијата биле американските беспилотни летала и ракетните системи лоцирани во базата. Нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.  Ова е прв ирански напад врз Кувајт од септември, а уследи кратко откако американски авиони погодија ирански позиции на островот Кешм во Ормутскиот теснец.

Франција официјално потврди дека нејзини војници се наоѓаат на територијата на Украина, но тврди дека тие не учестуваат во борбите против руските сили. Нината задача е обука на украиснките војници како и оддржуање и поправка   на воната опреа, соопшти француското министсртвот за одбрана.  Руското  министерството за надворешни работи  соопти дека вакват мисија ја смеат за директно учеството во војната, предупредувајќи дека  француските војници може да станат легитимни цели на руската армија.