Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните

- Министерството за здравство во рамки на Реформската агенда 2024-2027 спроведува две клучни мерки поврзани со политиката за дроги и усогласувањето со законодавството на Европската Унија, соопшти денеска министерот за здравство, Сашо Клековски во објава на Фејсбук.
Тој информира дека денеска учествувал на координативниот состанок за Реформската агенда, при што биле разгледани активностите на Министерството за здравство во оваа област.
- Формирана е работна група за усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со законодавството на ЕУ, а во тек е и склучување работен аранжман со Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA) - наведе Клековски.
Како што нагласува министерот за здравство, Европската комисија го одобрила барањето за ТАИЕКС експертска мисија за подготовка на Национална стратегија за дроги усогласена со Стратегијата на ЕУ за дроги.
- Мисијата ќе опфати зајакнување на Националната опсерваторија за дроги, воспоставување на системот за рано предупредување и известување кон EUDA - посочи министерот.
Клековски потенцира дека вториот чекор од Реформската агенда, кој е предвиден за следната година, се однесува на усогласување на листата на психоактивни супстанции со ЕУ и воведување дефиниција за „нова психоактивна супстанција“ во законодавството.
- Ова не се само административни обврски. Функционален систем за рано предупредување значи навремено да откриеме нови опасни супстанции и побрзо да реагираме за заштита на здравјето на граѓаните - нагласува министерот за здравство Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
