Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
Од четврток веќе почнува официјалната примена на електронскиот паричник што значи дека граѓаните ќе можат на својот мобилен телефон да ги имаат својата лична карта и возачка дозвола.
Официјално апликацијата ќе биде промовирана во среда на 28 октомври, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека се работи за безбедна апликација која нуди можности за заштита на личните податоци.
- Корисниците нема да мора да ги откриваат сите свои податоци, како што тоа го правиме сега кога ги покажуваме пластичните лични карти или возачките дозволи. На пример, кога сакате да се легитимирате во банка, бар или друг локал, нема да мора да ги покажувате сите податоци од личната карта. Ќе можете сами да изберете кои податоци сакате да ги споделите, на безбеден начин. Податоците ќе се споделуваат преку QR-код, кој се генерира за еднократна употреба. Кодот се скенира, а другото лице ги добива податоците само доколку вие го дозволите тоа. По 10 до 15 секунди, QR-кодот истекува и не може повторно да се употреби. Многу внимание посветивме на безбедноста - појаснува Андоновски.
Ова, вели министерот, е почеток на еден процес којшто треба да не доведе до европскиот дигитален паричник којшто ќе значи целосна дигитализација на документите.
- Ова е почеток на еден процес што треба да нè доведе до европскиот дигитален паричник, кој ќе значи целосна дигитализација на документите. Ова е одличен почеток затоа што основните податоци од личната карта и возачката дозвола ќе им бидат достапни на граѓаните. Се надевам дека паралелно со развојот на мобилниот паричник, ќе додаваме и нови услуги, можности и документи за граѓаните - изјави денеска Андоновски пред почетокот на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, што се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
