Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој е во посета на Сеул на глобалниот состанок за вештачка интелигенција и дигитализација во организација на Светска банка, денеска остварил средба со Сангбу Ким, потпретседател на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција.
- Разговаравме за следните чекори во соработката: дигиталните хабови, владината дигитална инфраструктура и развојот на дигиталниот паричник преку m.Uslugi. Во фокусот беа можностите за експертска поддршка и финансирање, напиша Андоновски на својот Фејсбук профил.
Андоновски ја истакнал важноста досегашните студии и анализи да ги преточиме во конкретни инвестиции, со јасни рокови и придобивки за граѓаните и компаниите.
- Продолжуваме да градиме партнерства за посигурни дигитални услуги, посилна инфраструктура и поширок пристап до можностите што ги носи вештачката интелигенција, наведува Андоновски во објавата.
Претходно денеска Андоновски се обратил пред претставници од околу 70 држави од светот, каде што говорел за можностите што ги нуди вештачката интелигенција, но и за ризиците и предизвиците поврзани со нејзината примена.
- Не смее да се дозволи богатите држави, државите што се развивиени да имаат поголем пристап до просторот за вештачка интелигенција од помалите. Како држави мораме да вложиме во тоа да го направиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис има еднаков пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција, во спротивно можеме да ризикуваме дека јазот помеѓу развиените и помалку развиените држави ќе се зголемува наместо да се намалува, истакна Андоновски.
Посетата, како што посочи министерот, ќе заврши со состаноци со претставници на Светска банка посветени на проектите од областа на дигитализацијата во Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
