Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ

Седум филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава до Јавното обвинителство за организиран криминал против српскиот министер за култура Никола Селаковиќ и неговите соработници, поради сомневање за организиран криминал и намерно пропаѓање на домашното филмско производство, објави весникот „Данас“.
Претседателот на Здружението на филмски режисери на Србија, Милош Шкундиќ, изјави за „Данас“ дека почетната штета изнесува две милијарди динари, поради што, како што тврди, десетици домашни филмови никогаш нема да бидат снимени.
„Целокупната српска кинематографија, собрана околу седумте најважни професионални здруженија, поднесува кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ и неговите соизвршители затоа што веќе две години намерно ја потиснуваат кинематографијата и културата во Србија“, рече Шкундиќ.
Зад таа иницијатива стојат Здружението на филмски уметници на Србија (ЗФУС), Здружението на филмски режисери на Србија, Здружението на филмски актери на Србија, Здружението на филмски продуценти, Српска асоцијација на сниматели, Документаристи на Србија и Здружението на сценаристи на Србија.
Според Шкундиќ, претставниците на тие здруженија се согласуваат дека српската кинематографија е во „катастрофална состојба“, за што одговорноста ја префрлаат на Министерството за култура.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателот на грчкото здружение на пожарникари: Годинава е една од најлошите, имаме 13 загинати
-

САД и Кина одржаа трговски консултации пред средбата Трамп – Шји
-

Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД
-

И ова сабота протести ширум Франција
-

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
-

Пиштол пронајден кај 15-годишен ученик во средно училиште во Тетово
-

Мицкоски: Новиот Законот за јавни набавки става крај на манипулациите и свесното уривање и одолговлекување на тендерските процедури
-

Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка нула - од сега очекувам само раст и поинтензивен развој
