Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа

Мече старо околу три години, тешко 70 килограми, било успешно спасено откако се фатило во нелегално поставена примка од сајла во месноста Чеплес, на околу 1,5 километри од Рибник Нежилово, Велешко.
Информацијата за заробеното мече најпрво ја доставило Ловечкото друштво „Руен“ од Велес, а преку Македонското еколошко друштво била проследена до Државниот инспекторат за животна средина. Веднаш било известено и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во координираната акција учествувале двајца државни инспектори, полициски службеници од СВР Велес, претставници на ловечкото друштво и ветеринар од Зоолошката градина во Скопје.
Мечето најпрво било успиено, по што ветеринарот извршил преглед и ја отстранил металната примка. Утврдено било дека станува збор за машко мече, старо околу три години и тешко приближно 70 килограми, кое немало видливи повреди од сајлата.
По успешната интервенција, мечето било пуштено назад во природното живеалиште.
За случајот е известен јавен обвинител од Велес, додека полицијата ја одзела нелегално поставената примка за понатамошно вештачење и преземање мерки за поведување кривична постапка согласно Кривичниот законик.
Акцијата била спроведена на 18 октомври, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
