Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24

Необичен подвиг го привлече вниманието на илјадници луѓе ширум светот, откако пилот со мал авион ја пресоздаде познатата слика „Крик“ на норвешкиот уметник Едвард Мунк, користејќи ја патеката на својот лет.
Настанот се случил на 13 октомври над американската сојузна држава Мисури, каде што авион од типот Cessna Skylane RG, со регистрација N1810R, околу шест часа изведувал внимателно испланирани маневри.

На дигиталната карта на платформата Flightradar24 постепено се појавувале контурите на познатото уметничко дело, вклучувајќи го ликот кој вреска, мостот и силуетите во заднината.
Авионот се поврзува со американскиот пилот Бенџамин Мекданиел, познат како „Пилотот Пикасо“, кој и претходно привлекувал внимание со слични подвизи, меѓу кои и пресоздавање на „Мона Лиза“ со патека на летање.

Според објавата на Flightradar24, дури 250.000 корисници го следеле необичниот лет.
Ваквиот начин на создавање уметност е познат како GPS-уметност. Наместо физички да црта на небото, пилотот со прецизни движења создава патека која преку системите за следење на летови формира препознатлива слика на дигитална карта.
„Крик“, создаден во 1893 година, е едно од најпознатите дела на Едвард Мунк и се смета за симбол на човечкиот страв и вознемиреност.

Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
