Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги примила акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.
Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска Давкова, посакувајќи му добредојде, таа изразила уверување дека во неговиот мандат добрите македонско-турски односи ќе станат уште подобри.
- За неа, Турција е не само наш стратешки партнер и значаен сојузник во НАТО, туку и искрен пријател којшто ги разбира македонските приоритети. Во формирањето на Советот за соработка на високо ниво, таа препознава политички чекор напред - посочуваат од Кабинетот.
За амбасадорот Акташ, стратешкото партнерство е од голема важност за обете земји.
Сиљановска-Давкова гледа отворен простор за соработка во економијата, трговијата, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, туризмот, културата и образованието.
Таа ја поздравила Балканската платформа за мир, иницирана од Република Турција, како рамка за градење регионална стабилност низ дијалог.
За обajцата, турската заедница е важен сегмент на македонскиот етнички и религиозен мозаик, како што и граѓаните со македонско потекло во Турција се цврст меѓудржавен мост.
Тие споделиле и лични приказни коишто ги поврзуваат - амбасадорот Акташ укажал на своето македонско семејно потекло, а претседателката потсетила дека е родена во турска куќа во Охрид.
На крајот, таа му посака успех во извршувањето на одговорната амбасадорска функција - додаваат од претседателскиот Кабинет.
МИА
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
