Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за тоа што го прават денеска и на граѓаните и на Македонија, рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.
Вели дека со обидува да не ја коментира опозицијата, бидејќи смета оти нејзиното раководство не се занимава со државна политика, туку со личен напад врз него.
-Не сакам да коментирам ваков начин на незрело однесување на лидерството во опозицијата. И ќе го задржам ова право да не го коментирам. Еве, ќе се обидам со една реченица да кажам - ќе дојде денот кога ќе се срамат за тоа што го прават денеска и на граѓаните и на Македонија, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детска градинка во Шуто Оризари.
Во врска со најавата од опозицијата дека ќе поднесат предлог закон за ветинг на функционерите поранешни и актуелни, Мицкоски истакна дека нема потреба да се чека таков закон и оти и сега има институции и механизми преку кои може да се направат проверки.
-Па, нека има предлог-закон, никој не го спори тоа. Но и сега може Управата за јавни приходи да направи ветинг, да провери. Имаат и сега алатки да проверат како се стекнува со златни визи во егзотични дестинации како Дубаи, колкав влог треба за да се стекнете со таква виза, како се ужива на скапи јахти на егејското крајбрежје итн. Управата за јавни приходи и сега може да провери и како политичари возат скапи автомобили сопственост на фирми кои добивале тендери за јаглен, па како средствата се уплаќани на фирми во Бугарија, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
-

Трамп нуди награда од милион долари за секој што ќе пријави изборна измама во САД
-

Путелас и Кејн добитници на „Златната топка“ за 2026 година
-

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
