Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал

Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и содејство со сите Сектори за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи, од септември 2024 година спроведува Оперативна акција „Чистач“ на целата територија на Македонија.
Акцијата е насочена кон детектирање, следење и расветлување на состојбите и општествено девијантните појави, како и откривање и сузбивање на кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.
Од почетокот на Оперативната акција „Чистач“ до денес, полициските службеници извршиле проверка и утврдување на идентитетот на 74.229 лица, додека извршени се 158.955 прегледи на лица, превозни средства и багаж. Во рамки на преземените мерки и активности, лишени се од слобода вкупно 5.628 лица, извршени се 1.158 претреси на домови и други простории, а поднесени се 1.135 кривични пријави.
Од вкупниот број кривични пријави, 88 се однесуваат на сторени кривични дела од областа на насилниот криминал, додека 1.047 кривични пријави се однесуваат на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.
Во текот на реализацијата на акцијата запленети се значителни количини различни видови наркотични дроги, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА, како и оружје, парични средства, повеќе патнички моторни возила и мобилни телефони.
За сторителите на кривичните дела, согласно законските процедури и одлуките на надлежните органи, определени се мерки притвор, а во дел од случаите се изречени и затворски казни.
Во рамки на активностите преземени согласно Оперативната акција „Чистач“, спречени се и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со наркотични дроги, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.
Реализираните активности и постигнатите резултати во рамки на Оперативната акција „Чистач“ укажуваат на значително унапредување на ефикасноста и ефективноста на откривачката дејност на полициските службеници од сите Сектори за внатрешни работи и Регионални центри за гранични работи.
Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со спроведување на координирани мерки и активности, акциски денови и засилени контроли на целата територија на државата, со цел навремено откривање, спречување и сузбивање на криминалните активности поврзани со насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.
Ново на Сител
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
-

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-

Обид за нов рекорд во пештерата Врело: Спелеонуркачи ќе истражуваат длабочини над 300 метри
-

Санкционирани 128 возачи, од кои 102 за брзо возење во акциска контрола во Скопје
-

Нови напади во Црното Море: Потона брод кај Бугарија, Радев најави разговор со НАТО
-

Франција: Околу 200 училишта затворени поради протестите на средношколците
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5% за 2026 година
