Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови

Целта не е само да ја откриеме дрогата и сторителите. Мора да ги следиме парите, да го откриваме и одземаме имотот стекнат со криминал и да ги користиме сите законски механизми што ни стојат на располагање - порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во објава на Фејсбук на МВР по средбата со регионалниот претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за Југоисточна Европа, Данило Рици.
На средбата биле разгледани можностите за унапредување на пристапот во справувањето со проблемот со дрогата преку користење на меѓународни искуства, експертска поддршка и координирано делување на институциите.
Според Тошковски, ефикасната борба против недозволената трговија со дрога бара силни институции, обучени полициски службеници и современи истражни капацитети.
- Борбата против недозволената трговија со дрога бара силни институции, добро обучени полициски службеници и истражители и современи истражни капацитети. За нас е значајна соработката со UNODC, особено во делот на истрагите, финансиските текови поврзани со криминалот и одземањето на незаконски стекнатиот имот, истакнал Тошковски.
На средбата била поздравена и поддршката што UNODC, во партнерство со Амбасадата на САД, ја обезбедува за спроведувањето на Националната стратегија за дроги.
Во таа насока, во наредните четири дена во Полициската академија ќе се спроведе специјализирана обука за истраги поврзани со дрога, со акцент на финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.
Регионалниот претставник на UNODC, Данило Рици, ги претставил тековните проектни активности на организацијата и оценил дека Министерството за внатрешни работи е значаен и кредибилен партнер во реализацијата на заедничките проекти во регионот.
МИА
Ново на Сител
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
