Провалиле во над 10 куќи, украле злато, пари и оружје – од една извлекле и сеф тежок 400 килограми
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени дека во периодот од април до септември извршиле серија тешки кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње.
Според Обвинителството, осомничените провалиле во над 10 куќи, од каде одземале пари, златен накит и различни видови огнено оружје кое сопствениците го поседувале со дозвола.
При една од кражбите во селото Палчиште, од куќа успеале да изнесат и сеф тежок околу 400 килограми.
Вкупната вредност на украдените предмети досега се проценува на околу 15 милиони денари.
На двајца од осомничените, по предлог на обвинителството, им е определен краткотраен притвор од 48 часа, додека по другите двајца се трага. За нив притворот ќе започне да се смета од моментот на нивното пронаоѓање и лишување од слобода.
Од Обвинителството информираат дека интензивно се прибираат докази за сите случаи.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
