Пентагон објави нови документи за НЛО

Пентагон вчера ја објави шестата серија документи за неидентификувани аномални феномени (УАП), познати и како НЛО.
Новиот пакет содржи 71 датотека, од кои 67 се од Министерството за одбрана и четири од локалната полиција во Колорадо. Односно пакетот содржи 55 Пе-де-еф датотеки, 15 видеа и еден аудиозапис. Дури 64 документи се делумно цензурирани и датираат од 1952 до 2025 година.
Повеќето денеска објавени видеа се слични на оние од претходните серии. Зрнестите снимки од воена камера покажуваат необјасниви објекти што брзо се движат.
На други видео, снимено над Блиски Исток, се гледаат како шест објекти летаат во формација и често го менуваат правецот.
Четири видео-снимки се од локалната полиција во Колорадо, која испратила извештаи до Канцеларијата за истрага на УАП на Пентагон.
Во воена белешка на една од снимките се наведува дека „офицерот, кој го поднел извештајот го опишал феноменот како „бесшумен“ со „црвени, сини и зелени светла што трепкаа“.
Меѓу објавените документи е едночасовен аудиозапис и транскрипт од говорот на офицерот на воздухопловните сили Едвард Рупелт од 1952 година. На снимката, тој ја објаснува истрагата на армијата за инциденти со НЛО.
Рупелт истакнува дека околу 20 проценти од 800-те извештаи за НЛО истражени од американските воздухопловните сили останале мистерија.
- Ги разгледавме тие извештаи и откривме дека околу 20 проценти од нив беа многу квалитетни, доаѓаа од многу сигурни луѓе и … едноставно не е можно да се извлечат какви било заклучоци, посочи Рупелт.
Тој подоцна го водеше Проектот Сина книга, програма на воздухопловните сили што истражуваше НЛО од 1952 до 1969 година.
МИА
Ново на Сител
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
