Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека многу „премногу негативни сили“ изнесуваат опасни тврдења за вештачката интелигенција кои нема да се остварат и истакна дека сака да обезбеди Соединетите Држави да ја задржат водечката позиција во таа индустрија.
– Ние сме пред Кина во областа на вештачката интелигенција. Ние сме технолошки најнапредната земја во светот и, искрено, сакам тоа така и да остане бидејќи оној кој ќе победи во трката за вештачка интелигенција – тој победува – им рече Трамп на новинарите на прашањето дали треба да се забави развојот на индустријата за вештачка интелигенција или таа построго да се регулира.
– Би можеле да воведеме ограничувања. Можеме да го направиме ова или она. Но, сметам дека постојат многу премногу негативни сили кои ја иницираат таа тема, а не би требало, и изнесуваат тврдења за работи кои нема да се случат – изјави Трамп.
Директорот на Антропик, една од водечките компании за развој на вештачка интелигенција, Дарио Амодеи, вчера повика на забавување на развојот на вештачката интелигенција поради сè поголемиот страв од можна злоупотреба и безбедносни ризици.
И Илон Маск, поранешен близок соработник на Трамп кој ја води xAI, и Сем Олтман, извршен директор на компанијата OpenAI, порачаа во објави на Х дека се согласуваат со Амодеи.
Амодеи ја истакна растечката способност на вештачката интелигенција за самоподобрување, нагласувајќи ја долгорочната загриженост дека таа би можела да ја надмине човечката способност за контрола на нејзиното делување.
„Со оглед на забрзаниот чекор на развој на способностите на вештачката интелигенција, загрижен сум дека таков налет за шест до 12 месеци би можел да биде во состојба да го преземе целиот интернет и потенцијално да предизвика штета која ќе се брои во милијарди долари“, напиша Амодеи.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
