ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го демантираше денеска тврдењето на претседателот на Фудбалската федерација на Мароко дека неговата земја ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство (СП) во 2030 година, наведувајќи дека одлуката сè уште не е донесена.
Мароко, заедно со Шпанија и Португалија, ќе го организира СП2030 и ќе биде само втората африканска земја домаќин на мундијалскиот турнир, по Јужна Африка (2010 година)
ФИФА во денешното соопштение наведе дека местото на финалето ќе биде одлучено „во догледно време“.
Претходно, првиот човек на мароканскиот фудбал Фузи Лекџа изјави на политички митинг дека неговата земја веќе го обезбедила правото да биде домаќин на финалето.
„Градот Бенслимане ќе биде домаќин на финалето на Светското првенство. Без разлика дали некому му се допаѓа или не, и ако некој сака да разговара за тоа, нека разговара. Градот домаќин ќе биде Бенслимане, стадионот „Хасан II“ и се надевам дека Мароко ќе игра таму.“, рече Лекџа, цитиран од агенцијата Асошиејтед Прес.
Стадионот за кој станува збор, официјално наречен „Крал Хасан II“, се гради во близина на Казабланка и ќе има капацитет од 115.000 седишта.
ФИФА претходно ги негираше извештаите во британските медиуми дека нејзиниот претседател Џани Инфантино, кој се соочува со остри критики, наводно, му ја ветил организацијата на финалето на Мароко во замена за политичка поддршка пред изборите закажани за идната пролет.
МИА
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
