Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ

Ратко Младиќ, некогашниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг служејќи казна доживотен затвор за геноцид и воени злосторства, ќе биде погребан денеска на белградските Топчидерски гробишта.
Неговото тело ќе биде изложено во црквата Свети Лука на Видиковац од 7 до 12 часот, кога ќе почне опелото.
Српските медиуми утрово јавуваат дека илјадници граѓани веќе чекаат пред црквата Свети Лука за да му оддадат почит на Младиќ. Граѓаните чекаат во ред за да влезат во црквата во која е изложен ковчегот со телото на Младиќ и продолжуваат да пристигнуваат во просторот околу црквата.
Членот на тимот за организација на погребот, Светозар Андриќ, претходно за агенцијата СРНА изјави дека потоа ќе се формира колона која ќе го испрати Младиќ до Топчидерските гробишта, каде што ќе биде погребан покрај ќерката Ана.
Некогашниот командант на Војската на Република Српска, осуден за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина на 27 август, во 84-та година од животот, во затворската болница во Хаг.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
-

54-годишник од Куманово истурил две шишиња бензин во семејниот дом и се заканувал дека ќе ги запали ќерката и внуката
