Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Киргисан се сретна со рускиот лидер Владимир Путин, при што изјави дека односите меѓу Турција и Русија се наоѓаат на своето најнапредно ниво.
– Денеска сметам дека е важно да се искористи ваквата можност. Односите меѓу Турција и Русија денеска се навистина на многу понапредно ниво отколку во кој било претходен период – рече Ердоган за време на средбата одржана на маргините на Самитот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка.
Тој исто така ја истакна важноста на Нуклеарната централа Акују за билатералните односи, наведувајќи дека тој проект влегол во својата завршна фаза, јави Анадолија.
– Со отворањето на нуклеарната централа Акују повторно заедно ќе преземеме чекори кон отворање на некои нови електрани – додаде Ердоган.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
