Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната

САД и Иран во моментов не се во преговори за прекин на војната, бидејќи официјален Вашингтон се фокусира на економски притисок врз Техеран, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во интервју за „Фокс њуз“.
Таа нагласи дека сите опции „остануваат на маса“, но дека главната цел на американскиот претседател Доналд Трамп е да се осигура дека Иран никогаш нема да се здобие нуклеарно оружје.
„Она што беше и секогаш ќе биде главна цел на претседателот Трамп е да се осигура дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје. Точка. Затоа ја имавме операцијата „Епски бес“ за да ја уништиме нивната војска. Сега ја имаме операцијата „Економик ауткаст“ за да ја уништиме нивната економија“, рече Ливит, потврдувајќи дека во моментов не се водат преговори.
Според неа, ова ќе продолжи сè додека Трамп не почувствува дека Иранците можеби се подготвени да седнат на преговарачката маса.
Американскиот министер за финансии, Скот Бесант, вчера ги предупреди земјите ширум светот да ги прекинат финансиските врски со Иран или ќе се соочат со секундарни санкции во она што е наречено „економски ден Д“.
Катарскиот премиер денеска го посети Техеран во обид да го рестартира дипломатскиот процес.
Ново на Сител
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
-

Лабораториски произведен протеин од јајце стигна до големите маркети во САД
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
