Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и посебните извештаи на Антикорупциска за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините, за финансирањето на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа - 2026 година, Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година и Завршен извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, за период 01.01.2025 - 31.12.2025 година.
Членовите на Комисијата ќе ја дискутираат и за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.
Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија треба да даде зелено светло за предлог на законите за ратификација на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, на Протоколот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија во врска со соработката во областа на одбраната и на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Португалската Република во врска со соработката во областа на одбраната.
На дневен ред на Комисијата е и Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање.
Предлог на законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
Буџетскиот совет на Собранието ќе го разгледува Предлог на стратешки план на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2027-2031 година, Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2027 година и Предлог на буџет на Собранието на Република Северна Македонија за 2027 година.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
