Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје.
Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на преостанатите оштетени делови ќе продолжи следната недела.
Скопскиот градоначалник информираше дека со засилена динамика се работи и на обновувањето на подната фонтана.
-Наскоро, целиот овој простор повторно ќе претставува уредна, современа и привлечна целина, вистинска разгледница на Скопје. Се грижиме за секој простор и за секој детал, затоа што центарот на главниот град мора да биде неговото најубаво лице. Нашето Скопје заслужува, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
