-->
-->
Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени
-->

Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава - најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во среда претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност.
Од УХМР најавуваат дека од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневните температури се очекува да надминат 40 степени.
Низ земјава денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе се задржи претежно сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Безбеден град: Започна примената на системот и за странските возила на ГП Табановце
-

Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“
-

ЦУК: До 18 часот осум активни пожари и три под контрола
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
