Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање

Екипите на Вашингтон и на Сакраменто му понудија договор на плејмејкерот Расел Вестбрук пред кошаркарот да одлучи да се пензионира.
Според инсајдер Марк Штајн, Вашингтон визардс му понудија на 37-годишниот Американец двегодишен договор, но тој не се согласи со условите и предложената улога.
Вестбрук беше избран како четврти пик НБА-драфтот во 2008 година. Тој играше за Оклахома Сити до 2019 година. Беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на НБА во сезоната 2016/17. Вестбрук беше деветкратен „Ол-стар“.
За време на својата кариера, кошаркарот играше и за Хјустон, Вашингтон, Лос Анџелес лејкерс, Лос Анџелес клиперс, Денвер и Сакраменто.
Вестбрук помина 18 сезони во НБА. Тој има рекордни 209 трипл-дабл во регуларната сезона на НБА. Го држи рекордот за најмногу трипл-дабл во една сезона со 42 (2016/17).
МИА
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
