Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

Центарот за управување со кризи информира за нов пожар над селото Вржале во околината на Скопје. Поради непристапниот терен утре наутро планирана е и воздушна интервенција, а екипи ќе останат на терен во текот на ноќта.
- Поради непристапниот терен, кој не овозможува целосна локализација на пожарот со интервенција од земја, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе се реализира во зависност од временските услови и состојбата на терен. Екипите ќе останат на терен и ќе ја следат состојбата во текот на целата ноќ, со цел секоја промена да биде навремено детектирана и да се реагира брзо и координирано, информира директорот на ЦУК Мухамед Али, кој е на терен заедно со заменик-командантот на Противпожарната Бригада на Град Скопје, Ерол Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
