Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години

Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група.
Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук.
Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила 331.000 сметки на Инстаграм и 173.000 сметки на Фејсбук. Забраната за социјалните медиуми за лица под 16 години стапи во сила во Австралија на 10 декември и беше воведена поради загриженост за влијанието на социјалните медиуми врз физичкото и менталното здравје на децата и младите. Мета изјави дека сака да се придржува до законот, иако, како и другите платформи, претходно се спротивстави на него.
Австралискиот регулатор за интернет разгледува опции да преземе мерки против платформите за кои верува дека не презеле доволно мерки за спроведување на забраната.
Како резултат на тоа, австралиската влада ја зголеми максималната казна за прекршување на законот на речиси 70 милиони американски долари и му даде на регулаторот поголеми овластувања за прибабување документи.
Податоците од австралиската влада и повеќе независни студии покажаа дека повеќе од осум од 10 лица под 16 години сè уште користеле социјални медиуми во текот на првите три месеци од забраната.
МИА
Ново на Сител
-

Четири илјади метри рибарски мрежи и 117 килограми белвица пронајдени во Охридското Езеро
-

Осомничениот за убиството на Кирк тврди дека е невин – Му се заканува смртна казна
-

Колку Американците ги чини војната со Иран?
-

Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
-

Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана
-

Зеленски: Руското небо „де факто ќе биде затворено“ поради украинските дронови
-

По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
