Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите.
Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
Николоски потенцира дека овие земји се таргетирани како земји каде македонските превозници најмногу извезуваат или транзитираат.
-Начинот на којшто ние можеме да помогнеме е да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната како би се издавале долгорочни работни визи кои би можеле да ги користат превозниците. Тоа е едното, второто кое што веќе успеавме да го договориме со Европската Kомисија е возачите да бидат признати како професионалци и нешто што се случи. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија. Во тек се Австрија, работиме со Германија и Унгарија и генерално ова се земјите каде што македонските извозници најчесто одат и онаму каде што најчесто се извезува македонската стока, што значи дека македонските транспортери најчесто патуваат таму - рече вицепремиерот.
Николоски го потврди ставот на Владата дека секоја држава од Западен Балкан самостојно треба да го решава овој проблем.
-Она што јас во повеќе наврати го кажувам и сега ќе го кажам е дека секоја држава треба да го решава проблемот самостојно и дека не смееме овој проблем да се гледа заеднички, затоа што една е позицијата на Македонија, друга е на останатите држави од Западен Балкан и не мислам дека е паметно овој проблем да се гледа заеднички, туку треба сите држави да го решаваат индивидуално. Ние го решаваме индивидуално, имаме решение и ако другите држави не можат да го решат, тоа е нивни проблем - истакна министерот за транспорт.
Николоски повтори дека решението треба да дојде од Европската Комисија, за што веќе се оддржани неколку состаноци и очекува набрзо дека ќе се најде соодветно репшение и упати апел до превозниците да не подлегнуваат на странски пропаганди, бидејќи Владата работи на билатерални договори со државите.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни
-

Осма жртва од западнонилска треска
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
