„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до граѓаните и институциите да преземат мерки за заштита на животните за време на актуелниот топлотен бран и екстремно високите температури.
Од здружението предупредуваат дека високите температури претставуваат сериозен ризик за бездомните животни, животните што се чуваат на отворено, фармските животни и оние што се користат за работа, како коњите и магарињата. Посочуваат дека изложеноста на жештина може да предизвика дехидратација, топлотен удар и угинување.
„Анима Мунди“ ги повикува граѓаните да остават свежа вода на достапни и засенчени места, да обезбедат сенка за животните и да не ги изложуваат на директна сончева светлина. Истовремено, потсетуваат дека животните никогаш не треба да се оставаат во паркирани возила, бидејќи температурата во затворен автомобил за кусо време достигнува опасно високи вредности.
Здружението апелира граѓаните да пријавуваат случаи на држење животни во несоодветни услови.
Воедно, од „Анима Мунди“ апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, локалните инспекторати и другите надлежни служби да спроведуваат засилени контроли и доследно да постапуваат по сите пријави поврзани со загрозување на благосостојбата на животните.
Според здружението, во услови на екстремни температури, заштитата на животните зависи од навремено и одговорно постапување и на институциите и на граѓаните.
Ново на Сител
-

МВР со детали: Загинатото момче со мотор во Радишани е на 19-годишна возраст
-

Тешко повреден 19-годишник откако татко му го турнал по скали
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
