Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска

На денешната прес-конференција, Клековски информираше дека се потврдени три нови случаи на вектор-преносливи болести, два на Инфективна клиника и еден на неврологија кој има само една потврда. Министерот објасни дека се прават различни тестови за случаите, нагласувајќи дека веднаш се прават епидемиолошки анкети.
- Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести која заседава по ова прашање е дека надвор од случаите што се поврзани со Грција има и случаи коишто дефинитивно не патувале надвор од земјата и со место на живеење се во подрачјето на Скопско Поле-рече министерот.
Тој кажа дека се преземени стандардните мерки, дезинфекција на подрачјето од 200 метри радиусот од местото на живеење, процес кој го спроведува Центарот за јавно здравје Скопје, нагласувајќи дека е тоа нивна, а не обврска на општината.
- Согласно препораките и мапирањето на случаите ќе видиме дали ќе треба да се јави дополнително прскање од земја, така што Институтот за јавно здравје, Комисијата за заразни болести работи на мапирање на случаите и ќе се преземат дополнителни мерки. Досега колку што знам само за еден случај од Велес чека епидемиолошката анкета таму за да видиме како е поврзаноста-рече Клековски.
Одговарајќи на новинарски прашања за нови информации за состојбата во Гостивар, министерот рече дека постојано се прават проби и на резидуалниот хлор и на присуството на бактерии, параметрите се подобрени и кога ќе се исполнат условите ќе чека на дефинитивна одлука од Управувачкиот комитет. Тој верува дека до крајот на неделата можно е да се донесе таква одлука, повторувајќи дека се преземени повеќе мерки, хлорирање.
- Сметам дека веќе квалитетот на водата значително подобрен, дека тоа е поврзано со падот на бројот новорегистрирани случаи-рече Клековски.
Прашан за западнонилската треска, дали ќе има дополнителни препораки за сите или за ризичните групи, Клековски кажа дека 80 отсто од случаите поминуваат асимптоматски. Лани, како што објасни министерот, воведено е и задолжително сезонско тестирање на даруваната крв на трансфузија, за да се осигурат дека нема да биде еден од векторите на пренесување на овој вирус.
- Огромен број е асимптоматски тие што се симптоматски се од повозрасната група 60 + и се поврзани со коморбидитети. Комисијата за заразни болести работи постојано, сега фокусот веќе од предминатата седница префрлен од Гостивар на вектор-преносливите болести и штом ги имаме резултатите од нивните препораки ќе ги направиме. Во моментот се тие што ги соопштив вчера-рече Клековски.
Тој кажа дека ќе следува интервентен увоз и за лекови вклучувајќи и за и маларијата.
Ново на Сител
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
