„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар

Германскиот мултинационален автопроизводител „Бе-ем-ве“ (BMW) повлекува вкупно 744.234 возила ширум цел свет, поради дефект на стартерот што може да предизвика пожар. Повлекувањето опфаќа 42.300 автомобили во Германија, соопшти Германскиот федерален орган за моторен транспорт (KБA).
Ова е трето големо повлекување од ваков вид за краток временски период, но причината е поразлична од претходните. Овојпат причината е грешка во производството. Според KБA, неправилностите во производството можат да доведат до наслагa во стартерот, што го зголемува електричниот отпор. Во исклучително редок, но можен случај, при палење на автомобилот или повторно вклучување, ова може да предизвика краток спој и да доведе до пожар.
Списокот вклучува повеќе модели на „Бе-ем-ве“: „Серија 3“, „Серија 4“, „Серија 5“, „Серија 6“, „Серија 7“, „Икс-3“, „Икс-4“, „Икс-5“, „Икс-6“, „Икс-7“ и „Зед-4 роудстер“. Повлекувањето се однесува на автомобили произведени помеѓу 31 јули 2020 и 26 февруари 2026 година.
Сопствениците на овие возила ќе го заменат стартерот бесплатно во овластените сервисни центри на „Бе-ем-ве“.
KBA го следи спроведувањето на повлекувањето. Сопствениците на засегнатите возила наредниве недели ќе бидат известени по пошта од „Бе-ем-ве“ или германските регулаторни органи. Исто така, се препорачува проверка на идентификацискиот ВИН-број на возилото кај овластен сервисер, за да се утврди дали тој автомобил е опфатен со повлекувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
