Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.
МИА
Ново на Сител
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
