Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро

Царинската управа во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и исполнувањето на законските обврски.
Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а ќе бидат насочени кон утврдување дали за пловилата се спроведени соодветните царински постапки согласно важечките прописи.
Од Царинската управа ги повикуваат сопствениците и корисниците на пловни објекти кај кои не е регулиран царинскиот статус, тоа да го сторат во најкус можен рок.
- Сите пловни објекти кои при контролата ќе бидат затекнати со нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на соодветна законска постапка, при што ќе бидат преземени мерки за утврдување на обврските и привремено задржување на пловилата, до нивно целосно исполнување согласно законските овластувања, истакнуваат од Царинската управа.
Предмет на контрола, како што посочуваат, ќе бидат и пловните објекти на нерезидентите чија употреба е регулирана со дозвола за привремен увоз, по што мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка. Воедно ќе се контролира и исполнетоста на условите за управување со пловилата, односно дали тие се управувани исклучиво од лица кои имаат законско право на тоа.
Од Царинската управа велат дека ќе продолжат со спроведување редовни контролни активности со цел обезбедување доследна примена на прописите за привремен престој и користење на странски пловни средства и ги повикуваат граѓаните и странските државјани да постапуваат согласно важечките царински регулативи и навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти.
МИА
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
